Насловна
Меѓу 40 најуспешни Македонци во светот до 40 години и нашата Зорица Митровиќ
- Детали
- Напишано од Портпарол НСМНЗ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 958
На годинашната листа „40 под 40“ која што ја објави Обединетата македонска дијаспора со 40 продуктивни и талентирани Македонци на возраст под 40 години кои творат ширум земјината топка и се сметаат за успешни лидери, се најде и секретарот на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ.
Повеќе: Меѓу 40 најуспешни Македонци во светот до 40 години и нашата Зорица Митровиќ
Доделени средства за работа на Националните совети од страна на АП Војводина
- Детали
- Напишано од Портпарол НСМНЗ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 936
Во Владата на АП Војводина беше уприличено свечено потпишување на уговорите за 2018 година, за додела на редовните и средствата за развојна дејност на националните совети на националните заедници кои имаат седиште на територија на АП Војводина од страна на Владата на АП Војводина, поточно Секретаријатот за образование, прописи и национални малцинства на АП Војводина.
Повеќе: Доделени средства за работа на Националните совети од страна на АП Војводина
Посета на општината Пландиште и училиштата во кои што се учи Македонскиот јазик со елементите на националната култура
- Детали
- Напишано од Портпарол НСМНЗ
- Категорија: Образование
- Посети: 571
Заедно со претседателот на Македонскиот национале совет Борче Величковски и Зорица Митровиќ секретар на советот, општината Пландиште ја посети и Васко Грков вд амбасадор на Р.Македонија во Србија. Гостите званично ги прими заменик на претседателот на Собранието на општината Пландиште Владан Младеновиќ, заедно со Мирослав Петровиќ директорот на Културниот центар ,,Вук Караџиќ'' и претставниците на здружението ,,Вардар Пландиште'' Никола Кипровски и Боро Костадиновски. Во разговорот е претставена општината Пландиште, во која се 5 јазици во службена употреба, од кои еден е и македонскиот и по тоа е единствена општина во светот.Повод за посетата беше обезбедување на учебници за учениците кои од второто полугодие на школската 2017/2018 година го учат Македонскиот јазик со елементите на националната култура, како изборен предмет.
Претставување на шестиот извештај за спроведувањето на Акциониот план за националните малцинства
- Детали
- Напишано од Портпарол НСМНЗ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 923
По повод претставувањето на шестиот редовен извештај за спроведување на активностите во рамки на Акциониот План 23 за остварување на правата на националните малцинства во Република Србија се одржа конференција во Палатата Србија. Конференцијата ја отвори Сузана Пауновиќ ВД Директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права . Таа истакна дека овој извештај се однесува на четвртиот квартал во 2017 година и дека активностите за спроведување на овој Акционен план редовно се следат.
Состанок со членовите на независниот комитет на експетри на Советот на Европа за повелбата на регионалните малцински јазици
- Детали
- Напишано од Портпарол НСМНЗ
- Категорија: Службена употреба на јазикот и писмото
- Посети: 567
Во рамките на евалуацијата на степенот на остварените права на македонската национална заедница во Србија согледан врз четвртиот извештајот на Р.Србија за имплементацијата на Европската повелба за малцинските односно регионалните јазици, претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски беше гостин во канцеларијата на Советот на Европа во Белград, каде во отворен разговор со членовите на независниот комитет на експертите на Советот на Европа во состав Јорг Хорн, Стефан Оутер, Дитер Халвас и проф. Ранко Бугарски, имаше прилика да ја информира највисоката европска институција за степенот на остварените права на македонската национална заедница во Србија.